Планирањето и рехабилитацијата на лицата по ларингектомија е тема за која премалку се знае и премалку се зборува во јавноста, а потребата за истите е се поголема и поголема, па голем број од пациентите не знаат каде да се обратат по оваа хируршка интервенција и како да го надокнадат својот изгубен глас. Затоа ја користам оваа прилика да зборуваме на оваа тема. Што е ларингектомија? Тотална ларингектомија претставува екстензивен мутилирачки хируршки зафат со кој се отстранува гркланот (ларинксот) во целост, а може да биде проширен во делот на вкрстување на аеродигестивниот пат и артикулаторните структури, надворешните мускули на вратот и лимфните јазли. Со тоталната ларингектомија се отстранува гркланот во целост, а најчестата причина која доведува до ларингектомија е карцином на ларинксот. Причини за појава на карцином на ларинксот ...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата