Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2022

За пелтечењето

За пелтечењето може многу да се зборува. Најразлични теории, автори, пристапи и видови на третман се појавиле низ годините, се со една цел, да се открие вистинската етиологија на пелтечењето, како и да се пронајде соодветниот третман за истото. Пелтечењето претставува нарушување на ритамот и темпото на говорот, кое се манифестира со повторување, продолжување или прекинување на некој глас, и покрај тоа што лицето точно знае што и како сака да каже .   Ова говорно нарушување е претставено со нарушена флуентност на говорот, прекината со грчеви, затреперување или абнормалност во фонацијата и дишењето, која може да биде провоцирана или засилена на психолошка основа. Причини за појава на пелтечење Како низ годините, па така и сега, етиологијата на пелтечењето е нешто што е во постојано истражување. Во голем број случаи, како кај деца, така и кај возрасни, причината за појавување на пелтечењето е непозната. Пелтечењето според голем број автори има полиетиолошка природа, па како некои о...