Логопедијата (гр. logon – говор , paideia – воспитување) е наука која се занимава со превенција, детекција, дијагностика и третман на патологијата на вербалната комуникација под која се подразбираат сите оние процеси и функции кои се поврзани со продукцијата на говор, како и со перцепцијата и продукцијата на оралниот и пишаниот јазик, како и облиците на невербалната комуникација. ( CPLOL) Говорот, односно можноста човекот да ги изрази и сподели своите мислења, ставови, чувства и емоции со околината, е најголемото богатство кое тој го поседува и кое треба да го негува. Уште од самото постоење на човекот позната е важноста на здравиот говор. Од онаа точка на изразување на основните потреби, па се до онаа точка кога говорот бил пресуден за добра позиција во некои општества. Проучувањето на говорот и неговата патологија е предмет на интерес на науката и луѓето од сите времиња. Псаметих, Херодот, Хипократ, Аристотел, Демостен, Гален, Разес, Авицена, Леонардо да Винчи, Парацелзус, се са...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата