Стоматогнатниот (џвакалниот) систем е составен од горната и долната вилица, заедно со забите и нивните потпорни ткива, виличниот зглоб, џвакалните мускули, нерви и крвни садови. Во нормални услови, елементите на стоматогнатниот систем функционираат хармонично, како една компактна целина. Дел од нарушувањата на овој систем се однесуваат на вилиците со забите и нивниот сооднос (загриз – оклузија), како и девијации на вилицата и тврдото непце. Овие нарушувања честопати претставуваат причина за патологија во вербалната комуникација. Ортодонските аномалии заеднички се нарекуваат Dysgnatia , а нарушувањата на говорот кои тие ги предизвикуваат се нарекуваат Dyslalia palatinalis . Причини за појава на ортодонски аномалии Причините за појава на ортодонски аномалии се делат на : А) Наследни Наследни (генетски) конституции на забалото, генетски мутации, ...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата