Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2021

Работилница за Задоцнет говорно-јазичен развој

На наше големо задоволство, оваа сабота, на 24 јули 2021 година, се одржа ,,Работилница за Задоцнет говорно-јазичен развој' . Работилницaта беше во организација на Фондација Митра Толупова и ГАСПАР - центар за психичко здравје, а истата се одржа во просториите на ГАСПАР центар. Како би ги испочитувале сите превентивни мерки за корона вирусот, сите учесници ги поделивме во три групи по 4 учесника, со што одржавме три работилници за Задоцнет говорно-јазичен развој. Задоцнувањата во говорно - јазичниот развој кај децата се се почеста состојба, која бара рана дијагностика, рана превенција и ран третман. Не е доволно само јавно да се говори за проблемот, туку и за тоа каков е третманот и превенцијата, односно решението на проблемот. За таа цел, на работилницата ги обработивме следните теми: ● Зошто децата доцнат во говорно - јазичниот развој? ● Какви видови развојни нарушувања на говорот и јазикот постојат? ● Кога е време да се побара стручна помош и каде истата да се побара? ● Дијагнос...

Задоцнет говорно-јазичен развој кај децата

Во логопедската пракса секојдневно се среќаваме со се поголем број на деца кои имаат две и пол, три, па и повеќе години, а се уште немаат проговорено, па потребата за логопедски третман, како и запознавање и едукација на родителите за говорно – јазичниот развој кај децата е се поголема.              Преку овој стручен текст ќе се потрудам накратко да ве запознаам со говорно – јазичниот развој на детето во однос на неговата возраст, кога родителите се сомневаат дека нивното дете доцни во говорот, кои се можните причини за доцнење во говорот, каков е третманот за децата кои доцнат во говорот, како и како правилно да го стимулирате говорот на вашето дете дома. Говорно јазичен развој               1. Возраст до 6 месеци            Детето своето разбирање го покажува на тој начин што се врти кон изворот на звук, извр...

Што е Развојна дисфазија?

Честопати, кога родителите со своето дете доаѓаат на логопедски преглед или консултација, како дел од личната анамнеза, ни даваат податок дека добиле дијагноза или пак им било споменато од претходниот логопед, дефектолог, невролог, педијатар..., дека нивното дете има развојна дисфазија. Некои од нив, истото мислење за состојбата на детето го добиваат дури ако првиот преглед   започне и од нашиот центар. Карактеристично и за двете групи на клиенти е дека родителите не се најдобро информирани што е тоа развојна дисфазија, не се доволно запознаени каков е третманот на развојната дисфазија и која е неговата цел, па трагањето по информации на интернет, честопати ги носи до погрешни или застрашувачки информации. Од таа причина, сум поттикнат преку овој тест да им понудам помош и насока на родителите кои имаат дете со развојна дисфазија. Што е тоа Развојна дисфазија? Развојна дисфазија претставува јазично нарушување, односно нарушување на способноста да се разбере, структуира и израз...