Skip to main content

Работилница за Задоцнет говорно-јазичен развој

На наше големо задоволство, оваа сабота, на 24 јули 2021 година, се одржа ,,Работилница за Задоцнет говорно-јазичен развој'.

Работилницaта беше во организација на Фондација Митра Толупова и ГАСПАР - центар за психичко здравје, а истата се одржа во просториите на ГАСПАР центар. Како би ги испочитувале сите превентивни мерки за корона вирусот, сите учесници ги поделивме во три групи по 4 учесника, со што одржавме три работилници за Задоцнет говорно-јазичен развој.

Задоцнувањата во говорно - јазичниот развој кај децата се се почеста состојба, која бара рана дијагностика, рана превенција и ран третман. Не е доволно само јавно да се говори за проблемот, туку и за тоа каков е третманот и превенцијата, односно решението на проблемот. За таа цел, на работилницата ги обработивме следните теми:

● Зошто децата доцнат во говорно - јазичниот развој?
● Какви видови развојни нарушувања на говорот и јазикот постојат?
● Кога е време да се побара стручна помош и каде истата да се побара?
● Дијагностика и третман на говорно- јазичните нарушувања
● Превенција на говорно- јазичните нарушувања

● Приказ на случаеви на лица со задоцнет говорно-јазичен развој
● Психолошки профил и нарушувања кај децата со говорно-јазични нарушувања
● Психолошка поддршка на семејствата каде има дете со говорно-јазични нарушувања.

Водачи на работилниците беа:
✔️ мр. Фики Гаспар, психолог
✔️ спец.кл.лог. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист

👉 Работилницата беше наменета за родители на деца со задоцнување во говорно-јазичниот развој, студенти по логопедија, дефектологија, психологија, како и за сите оние кои сакаат да слушнат и научат нешто повеќе на оваа тема.

👉 На наше големо задоволство сите присутни беа вклучени во дискусиите, што ни потврди дека интересот за задоцнувањата во говорно-јазичниот развој е навистина голем.

👉 По завршувањето на работилниците сите присутни добија материјали од работилницата и Благодарница за учество, а потоа имаше и мал коктел.

👉 По завршување на работилницата секој присутен, со предност на родителите, имаше можност за бесплатна консултација со логопед и психолог.

Ви благодариме за интересот и присуството! За цел си даваме во иднина да организираме што повеќе и што подобри работилници, како би биле најголема поддршка за родителите на деца со развојни потешкотии, а со колегите би оствариле размена на знаења.

Да ја издигнеме логопедијата во нашата земја на највисоко ниво!






















Пишува:
spec.spl. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист
e-mail: slp.bojan@gmail.com
Instagram: @slp.bojan










Comments

Popular posts from this blog

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Развој на изговорот на гласовите

И склучително важно е децата уште од најрана возраст, уште во прелингвалниот период, да се стимулираат на тој начин што родителите ќе им пеат со сопствениот глас песнички со најразлична мелодија и интонација на мајчин јазик, ќе им зборуваат чисто и правилно како да зборуваат со возрасен човек додека остваруваат контакт со очи, ќе ги запознаваат со најразлични звуци од околината, нема да зборуваат на т.н. ,,бебешки” јазик со децата, нема да ги изложуваат своите деца на модерна технологија, што е исклучително штетно за нивниот целокупен развој. Кај секој поединец уште во најраната возраст постои природна предиспозиција за усвојување на говорот и јазикот, освен ако не станува збор за некое развојно нарушување кое го запира развојот на аудитивната перцепција и дискриминација, односно го запира и/или оштетува говорно - јазичниот развој. Доколку постои адекватен развој, се очекува редоследно детето: 1. Преку плачот да биде стимулирано да ги усвои самогласките. Да го перцепир...

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам Извадок Вовед : Живееме во време кога развојните нарушувања претставуваат состојби кои се се позачестени и кои бараат се поадекватен, поефективен и стручен третман. АСН претставува група на первазивни развојни нарушувања, проследен со нарушувања во социјалните интеракции, вербалната и невербалната комуникација и со стереотипни и репетативни облици на однесување. Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на прстите кај децата со АСН е од особено значење, затоа што тие се во тесна поврзаност со говорно - јазичниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето, а истите, честопати се нарушени или недоволно развиени кај овие лица. Главна цел на студијата е да се добијат податоци за манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат на подрачјето на Република Северна Македонија, односно живеат или ...