Расцепите на усната и непцето претставуваат најчести вродени малформации во лицевата регија. Се смета дека на секои 500 – 700 новороденчиња, 1 се раѓа со расцеп. Генерално, во јавноста се говори премалку за расцепите, а во суштина постојат голем број на дечиња кои имаат расцепи, каде родителите се уште не знаат каде точно да побараат помош за решавање на овој проблем. За таа цел, ви го посветуваме овој стручен текст, кој се надеваме дека ќе биде од помош за сите оние кои имаат дете со расцеп. Што се тоа расцепи и како тие се појавуваат? Расцепи на усната и непцето претставуваат најчести вродени малформации во лицевата регија кои настануваат како резултат на нецелосно сраснување на поедини сегменти од орофацијалниот систем во периодот на раниот развој на ембрионот, односно кои настануваат во текот на затварањето на ембрионалните пукнатини. Во периодот на раниот развој на ембрионот, односно до 60-от ден, доаѓа до спојување на двата максиларни процесуси со фронтоназалниот процесус, односн...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата