Дислексијата претставува нарушување при читањето, односно нарушување во совладувањето на читањето и покрај нормалната интелигенција, добриот вид и слух, системската обука, адекватната мотивација и останатите поволни едукативни, психолошки и социјални услови. Сепак, дислексијата не претставува само нарушување при читањето, туку претставува потешкотија која директно влијае врз квалитетот на секојдневното функционирање на лицето со дислексија, па од таа причина потребно е јавно да говориме за дислексијата и нејзиниот третман. Причини за појава на дислексија Усвојувањето на пишаниот јазик е сложен процес врз кој влијаат бројни невропсихолошки процеси, како што се разбирањето на говорот, аудитивната и визуелната перцепција, помнењето, емоционалниот развој, интелектуалниот развој и моторните процеси за говорната продукција и репродукција. ...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата