Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2022

SLP.Bojan & Олга Јотовска - АУТИЗАМ

 Почитувани, Ви ја претставуваме третата емисија од серијалот SLP.Bojan каде зборувавме за Аутизам. Во емисијата: м-р.др.спец. Олга Јотовска, педијатар м-р.спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, м-р. по СЕР област интелектуална попреченост и аутизам Зборувавме за: - Што е аутизам? - Која е причината за неговата појава? - За влијанието на МРП вакцината... - Како тој се манифестира? - Каде треба да се обратат родителите? - Дали постои лек за аутизмот? - Што треба да знаат родителите на децата со аутизам? - друго. Контакт: e-mail: slp.bojan@gmail.com Instagram: @slp.bojan

ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА - се почеста појава кај децата

Дали сте забележале дека некои од децата можат правилно да изговорат еден глас кога е изолиран, но не се сигурни каде точно треба да го употребат тој глас во зборот? На пример, иако можат правилно да го изговорат гласот Ж кога е изолиран, сепак наместо да кажат ,,жаби ” , тие ќе кажат ,,заби ”. Доколку досега мислевте дека ова е нарушување на артикулацијата, односно неправилен изговор на некој глас, сепак ова е друг вид на патологија во вербалната комуникација кој се нарекува фонолошко нарушување. Што се фонолошки нарушувања? Фонолошки нарушувања претставуваат нарушувања на моторната продукција на гласовите и на јазичката репрезентација на сликата за гласови, односно тешкотии во аудитивната перцепцепција, аутидитвната дискриминација, менталната репрезентација на гласовите и вербалното помнење, кои влијаат врз артикулацијата на гласовите, со или без тешкотии во усвојувањето на читањето и пишувањето.   Со други зборови, би кажале дека фонолошките нарушувања се патолошка по...