Почитувани, Ви го претставувам мојот нов стручен труд ,,ТРЕТМАН НА АРТИКУЛАЦИСКИ И ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА", кој низ речиси 500 страни претставува пишана пракса за третирање на артикулациските и фонолошките нарушувања. Трудот во себе содржи ДВА ТЕСТА на македонски јазик од кои: - Тест за процена на артикулацијата на гласовите (Богдановски Б.) - Тест за процена на фонолошката способност (Богдановски Б) Трудот е наменет за логопеди, дефектолози, психолози, педијатри, студенти и родители на деца со артикулациски и фонолошки нарушувања. Изразувам огромна благодарност до помагателите на проектот: - Музеј на град Скопје и - Зоран Јакимовски со најпрофесионалното друштво за сервис и услуги - Хелиум Нова Сервис Изразувам голема благодарност до рецензентите: м-р д-р спец. Олга Јотовска доц д-р Весна Лазаровска спец. Викторија Сиљаноска Изразувам благодарност до лекторот Гордана Ололовска Голема благодарност изразувам до Студентски Сервис ФЗФ и Никола Бошковски...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата