Церебралната парализа се однесува на група на невролошки нарушувања кои се појавуваат во раното детство и трајно влијаат на движењето на телото и координацијата на мускулитe (NIH). Церебралната парализа e проблем со кој се борат над 17 милиони луѓе во светот. Ова заболување настанува поради повреда на мозокот до која може да дојде во текот на бременоста, породувањето или во неонаталниот период. Меѓутоа, во најголемиот број случаи, причината е непозната , односно идиопатска . Повредата на мозокот, која поради некоја причина се случила, негативно влијае на движењето на мускулите и телото кај децата. Најчесто оваа состојба е пропратена со други здравствен и проблеми, како што с е : нарушувања на вербалната и невербалната комуникација , нарушувања на видот и слухот, интелектуална попреченост, епилепсија, тешкотии во учењето, друго. ПРИЧИНИ Причините кои доведуваат до појава на церебрална парализа предизвикуваат оштетување на развојот на мозокот, а истите може да влијаат во теко...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата