КЛИНИЧКА СЛИКА
Церебралната парализа влијае врз контролата на мускулите и движењето
на телото. Истата се јавува со различни карактеристики и типови, кои зависат од областа на мозокот во која дошло
до повреда, односно знаците и симптомите може да варираат од лице до лице, па така
истата може да го зафати целото тело, одредени екстремитети или само едната
страна од телото.
Церебралната парализа во прв план ја карактеризираат моторните наручувања кои се јавуваат во вид на: вкочанетост на мускулите и претерани рефлекси (спастичност), вкочанетост на мускулите со нормални рефлекси (ригидност), промена на тонусот на мускулите, нарушувања на движењето, недостаток на рамнотежа и мускулна координација (атаксија), тремор или отсечни неволни движења, бавни движења, завлекување на едната нога за време на лазењето или одењето, тешкотии при одењето, одење на прсти, одење со “вкрстени” колена, асиметрично одење, друго.
Покрај моторните нарушувања, церебралната парализа е проследена и со неорганизираност на фината моторика, нарушувања на говорот и јазикот, тешкотии во зборувањето/продукцијата на говор, хиперсаливација (прекумерно лигавење), тешкотии со цицањето, јадењето или голтањето, генерално доцнење во развојот, одложен раст, интелектуални потешкотии, тешкотии во учењето, друго.
Честопати, церебралната парализа е проследена и со епилептични напади, нарушувања на видот и слухот, преосетливост или намалена осетливост на допир, болка и дразби, опстипација, уринарна инконтиненција, растројства во однесувањето, емоционални нарушувања, друго.
Доцнењето во добивањето контрола над главата,
телото и седењето, кои се сметаат за камен-темелник во развојот на бебето, се
првиот сигнал на кој семејството треба да внимава. Бебињата треба да бидат во
состојба да го контролираат држењето на главата на крајот на првите три месеци.
Покрај тоа, треба да можат да седат исправено без потпора во нивниот седми
или осми месец.
Родителите кои сметаат дека нивните деца не се развиваат по овој природен тек,
треба веднаш да се консултираат со својот матичен
педијатар, или со друго стручно лице.
Проблемите со јадење (џвакање и голтање) и патологијата
во говорно-јазичниот развој можат исто така да укажат на церебрална
парализа. Постојат и придружни
состојби, кои не се резултат на мозочното оштетување што довело до церебрална
парализа, но често се јавуваат,
како на пример, интелектуална попреченост, конвулзии, оштетување на вид и слух.
1. Мускулен тонус
Ова е најочигледниот знак за церебрална парализа. За одржување на положбата, рамнотежата, за движење, потребна е соработка помеѓу различни мускулни групи. За да се заземе одредена положба, една група мускули има зголемен тонус, додека друга група мускули е релаксирана. При церебрална парализа, постои несинхронизираност помеѓу сигналите кои поаѓаат од мозокот и треба да стасаат до мускулите, што го отежнува или го оневозможува координирањето меѓу различни групи мускули. Најчести знаци за абнормален мускулен тонус се хипотонија (намален тонус) и хипертонија (нагласен, зголемен тонус). Постојат и други облици на абнормален тонус, како што е дистонија (флуктуирачки тонус, понекогаш е нагласен, понекогаш намален кај иста мускулна група), комбиниран (телото е во хипотонија, а екстремитетите се хипертонични), мускулни спазми (неволни и понекогаш многу болни мускулни контракции), фиксирани зглобови и друго.
2. Движење, координација и
контрола
Абнормалниот мускулен тонус се одразува на екстремитетите и телото
на детето на различни начини, поради што детето има проблем да изврши некое
движење или да се одржи во положба. Понекогаш знаците се понагласени кога
детето е под стрес и спротивно, може да исчезнат кога тоа спие.
Типови засегнатост на шемите на одење се:
Рефлексите се несвесни движења на делови од телото, како одговор на
некоја дразба. Постојат примитивни рефлекси кои се присутни по раѓањето и
исчезнуваат во одредени фази во развојот на детето. Кога тие не исчезнуваат во
тој временски период, или пак, ако воопшто и не се појавил некој, тоа е еден
од знаците за церебрална
парализа Некои од тие
рефлекси се:
Во првата година, особено во првите месеци, постуралноста кај
бебињата е симетрична. На пример, кога бебето седи, левата нога е како огледало
на десната. Во секоја положба бебето манифестира положбени или постурални
реакции како резултат на промената на положбата на неговото тело и тие се
јавуваат во одредени периоди од неговиот развој. Кај церебралната
парализа има асиметричност
во положбите и неадекватни или воопшто непојавени постурални реакции.
5. Рамнотежа
Засегањето на рамнотежата се гледа при промена на положбата, седењето, исправањето, одењето… Во типичниот развој, додека се усвојува рамнотежата во секоја од овие позиции, децата повеќе ги користат рацете, а со тек на време развиваат сила, координација и рамнотежа и повеќе немаат потреба од рацете за да се одржат во положбата. Знаци дека можеби се работи за церебрална парализа се користење на двете раце за одржување рамнотежа, неможност да се седи без поддршка, нестабилен од, клатење при стоење, неможност за изведување брзи маневри, неможност за играње ако се потребни двете раце за тоа, и абнормални шеми на одење.
Проблемите во рамнотежата најчесто се поврзуваат со атаксичната форма и понизок степен на спастичната форма на церебрална парализа.
6. Груба моторика
Засегањето на грубата моторика е последица на абнормалниот мускулен тонус (хипертонија и хипотонија). Како што бебето расте, се очекува да достигне одредени развојни скалила во одреден период. Ако бебето ги постигне подоцна од очекуваното или ако ги постигне, но имаат лош квалитет, тоа се можни знаци дека станува збор за церебрална парализа. Функции на грубата моторика се одење, трчање, скокање, а посебни моменти на кои треба да се посвети внимание кога станува збор за церебрална парализа се тркалање, седење, исправање, лазење, одење и одржување рамнотежа. Се забележува кога ги има детето достигнато и се проценува каков е квалитетот.
7. Фина моторика
8. Орално-моторна функција
Се однесува на користење на усните, јазикот и вилицата. Кај 90% од децата со церебрална парализа се јавуваат проблеми со изговарање, џвакање, голтање и хиперсаливација. Исто така, може да бидат засегнати и дишењето, артикулацијата и гласот на детето.
Во зависност од типот на церебрална парализа, постојат различни видови нарушувања во орално-моторната функција, како што се: вербална и орална апраксија, атаксична, стастична, флацидна и комбинирана дизартрија.
Хиперсаливацијата (лигавење) е исто така голем проблем, кој настанува поради неможноста да се координираат мускулите на лицето и усната шуплина. Децата имаат тешкотии да ја држат устата затворена, не можат да ја турнат плунката кон назад, не го контролираат добро јазикот и тешко голтаат.
Проблемите при исхрана исто така се присутни и често доаѓа до неможност да се изџвака храната, да му залетне залакот, да поврати детето, итн.
9. Говорно-јазични нарушувања
Нарушувањата во говорно-јазичниот развој се една од карактеристиките на церебралната парализа. Најчесто децата доцнат во усвојувањето на рецептивниот говор, односно разбирањето, а подоцна и во усвојувањето на експресивниот говор, односно изразувањето, зборувањето. Фондот на зборови е неадекватен за возраста на детето, или пак реченицата е сиромашна и аграматична. Се јавуваат нарушувања во прозодијата. Застапени се артикулациски и фонолошки нарушувања. Церебралната парализа ја пратат дизартрија, говорна апраксија, и тешкотии во џвакањето и голтањето.
Затоа, навремените прегледи од врвни дијагностичари се од исклучително важни. Дијагностиката кај церебралната парализа, може да биде високо стручна и високо професионална, само ако таа е изведена мултидисциплинарно.
Мултидисциплинарната дијагностика на церебралната парализа подразбира вклучување на: невролог, педијатар, невропсихијатар, физијатар, логопед, дефектолог, физиотерапевт, генетичар, и други стручни лица.
Од големо значење е да се направи диференцијална дијагноза, како би се избегнало добивање на погрешна дијагноза.
Физиотерапевтски третман
Ако е можна рехабилитација во раната фаза… Во овој миг, дури и ако мозочната повреда
не може целосно да се лекува, добро испланиран третман може да им помогне на пациентите
да постигнат состојба што ќе им овозможи да имаат поквалитетен живот. Меѓутоа, раното откривање е од пресудно
значење за таквиот третман. Во секој случај, доцнењето може да предизвика
сериозни ризици. Кој пристап ќе се избере за третман зависи од состојбата на
пациентот. Посебно е важно процедурите на рехабилитација да се започнат во
раната фаза. Во тој момент од огромно значење е без никакво одложување да се
искористи способноста на мозокот да ја менува формата, позната како
невропластика.
Кај предвремено родените бебиња кои се родени со мозочно крвавење пред
истекот на 30 недела, и се
соочуваат со сериозен ризик од церебрална парализа, со процедурите за
рехабилитација може да се започне дури и додека бебето е сè уште во инкубатор.
Во секој случај, скенирањето со МР е задолжително за да се добие дефинитивна
дијагноза за бебињата кај кои постои висок
ризик од церебрална парализа.
Со оглед на тоа што развојот на едно дете се одвива многу брзо во првите
три години од неговиот живот, рехабилитацијата во овој период може да даде
многу ефикасни резултати. Секојдневната физиотерапија во голема мера може
да го реши проблемот кај деца со умерен спастицитет. Тоа на овие деца им
овозможува да можат да живеат без да зависат од други лица. Намената на
третманот е да им овозможи на овие деца независен живот и да станат личности
кои се корисни за општеството.
Целта преку физиотерапија е да ја подобриме мускулната сила,
рамнотежата, координацијата,
подвижноста и позицијата. Пред да се започне третманот се прави процена/евалуација на состојбата и се одредуваат
видовите вежби, оптоварување, справите на кои ќе се вежба, времетраењето, помагалата
што ќе се користат.
Се почесто ние, физиотерапевтите,
работиме со ДНС техниката – динамична невромускулна стабилизација, која од
почеток ни дава можност за евалуација или
проценка на состојбата на детето, па потоа и можност да направиме план
за рехабилитација на детето, во зависност од тоа каква стимулација му е
потребно. Често пати за намалување на спазмите користиме и медицинска
акупунктура, која ги релаксира мускулите и ги намалува спазамите.
Ги охрабруваме сите
родители на деца со церебрална парализа навремено да се консултираат со стручно
лице и да побараат помош од истото, затоа што само навремениот и стручен
третман може да направи подобрување на една патолошка состојба.
Пишуваат:
м-р спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, СЕР област интелектуална попреченост и аутизам
спец. Рита Синани Хаљими, специјалист физиотерапевт по рехабилитација во ортопедија, травматологија и хирургија, FitFamily Center
Контакт:
e-mail: slp.bojan@gmail.com
Instagram: @slp.bojan
Comments
Post a Comment