Д исфагија претставува отежнато или нарушено голтање, кои резултира со абнормално одложување на транзитот на течен или цврст болус од усната празнина до желудникот. Дисфагијата, исто така, претставува честа појава кај голем болести/состојби за која премалку се знае и зборува во јавноста, а уште помалку се знае и зборува за тоа дека логопедот е тој што ја третира дисфагијата. Постојат најразлични причини поради кои се јавува дисфагија, а истата најчесто ја засега возрасната популација, како последица на некоја друга болест или состојба. Пациентите ја опишуваат дисфагијата како заглавување, одложување, сопирање во голтањето на храната или течноста. Истата може да се јави како акутна, хронична, интермитентна или перзистентна. Етиологија Како што веќе спомнавме, дисфагијата е појава која најчесто следи по појавата на некоја друга болест или состојба. Најчесто дисфагија се јавува кај : малигни тумори на горниот аеродигестивен тракт (карцином на усна празнина, карцином на езофагус (храно...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата