Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2024

Сигматизам

Претставува артикулациско нарушување кои ги засега гласовите с, з, ш, ж, ч, џ, ц, ѕ, ќ, ѓ . Претставник на оваа група, односно глас по кој е познат овој вид на артикулациско нарушување, е гласот с. Сигматизмот може да се јави како: Интердентален сигматизам - се манифестира така што при изговор на горенаведените гласови јазикот не е поставен на адекватната позиција за изговор на одредениот глас, туку е поставен меѓу забите, излегува од усната празнина и станува видлив. Со ваков погрешен начин на поставување на јазикот, се губи потребниот жлеб кој се јавува при правилен изговор на гласот, воздушната струја се разлева по површината на јазикот и се создаваат шумови, а изговорот е препознатлив како ,,шушкање”. На ваков начин можат погрешно да бидат артикулирани и гласовите т, д, н, л, како и други гласови. Тежината на овој вид артикулациско нарушување зависи пред сè од степенот на протрузија на јазикот за време на изговорот и од времетраењето на ваков вид на изговор. Адентален...