Skip to main content

Сигматизам

Претставува артикулациско нарушување кои ги засега гласовите с, з, ш, ж, ч, џ, ц, ѕ, ќ, ѓ. Претставник на оваа група, односно глас по кој е познат овој вид на артикулациско нарушување, е гласот с. Сигматизмот може да се јави како:

Интердентален сигматизам - се манифестира така што при изговор на горенаведените гласови јазикот не е поставен на адекватната позиција за изговор на одредениот глас, туку е поставен меѓу забите, излегува од усната празнина и станува видлив. Со ваков погрешен начин на поставување на јазикот, се губи потребниот жлеб кој се јавува при правилен изговор на гласот, воздушната струја се разлева по површината на јазикот и се создаваат шумови, а изговорот е препознатлив како ,,шушкање”. На ваков начин можат погрешно да бидат артикулирани и гласовите т, д, н, л, како и други гласови. Тежината на овој вид артикулациско нарушување зависи пред сè од степенот на протрузија на јазикот за време на изговорот и од времетраењето на ваков вид на изговор.

Адентален сигматизам - се манифестира така што при изговорот на
горенаведените гласови јазикот со поголема површина на неговиот врв се потпира на предните заби - секачи. Се смета за нормална појава, само кога пациентот посетува логопедски третман поради интердентален сигматизам, па се јавува како преодна фаза кон правилен изговор.

Латерален сигматизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите јазикот наместо да има создадено жлеб низ кој ќе минува воздушната струја, тој се подигнува нагоре, поради што воздушната струја минува странично. Зависно од подигнатоста на јазикот, воздушната струја може да минува унилатерално или билатерално. Најчесто ваквиот изговор е напнат и звучи исклучително непријатно.

Стридентен сигматизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите се формира предлабок жлеб на јазикот, па изговорот е пискав и звучи како свирење. Напнатоста при изговор е изразена, со што дополнително се зголемува интензитетот на свирењето.

Палатинален сигматизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите јазикот се прилепува на алвеолите со што се растегнува предниот дел на јазикот и се создава плиток, неадекватен жлеб, па изговорот е омекнат, мазен и звучи ,,бебешки”. Напнатоста е слабо изразена.

Оклузивен сигматизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите јазикот е исто поставен како кај палатиналниот сигматизам, па затоа овие две нарушувања често неадекватно се препознаваат и се сметаат за исто нарушување, што е сосема погрешно. Оклузивниот сигматизам е цврст и изразено напнат, со намалување на фреквенциската висина на гласовите.

Назален сигматизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите јазикот се повлекува назад, се поткрева неговиот корен кој се потпира и врши притисок врз мекото непце, поради што мекото непце се спушта и воздушната струја минува низ носот, наместо низ усната празнина. Пред изговорот на секој засегнат глас се јавува носна експлозија. Честопати, назалниот сигматизам и ринолалијата неадекватно се препознаваат и се донесува погрешна дијагноза, што е сосема погрешно. Поради тоа, од исклучителна важност е логопедот точно да го дијагностицира нарушувањето. Назалниот сигматизам го зафаќа само нарушениот глас, додека ринолалијата го зафаќа целиот говор.

Пишува:
м-р спец. Бојан Богдановски, клинички логопед-специјалист, м-р. по СЕР - интелектуална попреченост и аутизам

Контакт:

e-mail: slp.bojan@gmail.com
Instagram: @slp.bojan

Comments

Popular posts from this blog

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Развој на изговорот на гласовите

И склучително важно е децата уште од најрана возраст, уште во прелингвалниот период, да се стимулираат на тој начин што родителите ќе им пеат со сопствениот глас песнички со најразлична мелодија и интонација на мајчин јазик, ќе им зборуваат чисто и правилно како да зборуваат со возрасен човек додека остваруваат контакт со очи, ќе ги запознаваат со најразлични звуци од околината, нема да зборуваат на т.н. ,,бебешки” јазик со децата, нема да ги изложуваат своите деца на модерна технологија, што е исклучително штетно за нивниот целокупен развој. Кај секој поединец уште во најраната возраст постои природна предиспозиција за усвојување на говорот и јазикот, освен ако не станува збор за некое развојно нарушување кое го запира развојот на аудитивната перцепција и дискриминација, односно го запира и/или оштетува говорно - јазичниот развој. Доколку постои адекватен развој, се очекува редоследно детето: 1. Преку плачот да биде стимулирано да ги усвои самогласките. Да го перцепир...

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам Извадок Вовед : Живееме во време кога развојните нарушувања претставуваат состојби кои се се позачестени и кои бараат се поадекватен, поефективен и стручен третман. АСН претставува група на первазивни развојни нарушувања, проследен со нарушувања во социјалните интеракции, вербалната и невербалната комуникација и со стереотипни и репетативни облици на однесување. Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на прстите кај децата со АСН е од особено значење, затоа што тие се во тесна поврзаност со говорно - јазичниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето, а истите, честопати се нарушени или недоволно развиени кај овие лица. Главна цел на студијата е да се добијат податоци за манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат на подрачјето на Република Северна Македонија, односно живеат или ...