Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2024

Ротацизам

Ротацизам претставува артикулациско нарушување кои го засега гласот р . Се смета за еден од потешките видови артикулациски нарушувања. Ротацизмот може да се јави како: Билабијален ротацизам - се манифестира така што гласот се формира со вибрација на двете усни, без активност на јазикот. Карактеристичен е за малите деца, а истиот е познат и како кочијашко р. Невибрантен билабијален ротацизам - се манифестира така што јазикот мирно лежи зад долните предни заби - секачи, а усните се истураат и заокружуваат кон напред, па така се добива гласот W. Карактеристичен е за малите деца . Латерален ротацизам - се манифестира така што едниот дел од врвот на јазикот допира на алвеолите, а другиот дел од врвот на јазикот вибрира, односно постои асиметрија во функцијата на јазикот. Една од причините за латерален ротацизам е едностраната пареза на јазикот. Дорзален ротацизам - се манифестира така што активен е дорзалниот дел од јазикот, кој остварува контакт со мекото непце, па се д...