Skip to main content

Ротацизам

Ротацизам претставува артикулациско нарушување кои го засега гласот р. Се смета за еден од потешките видови артикулациски нарушувања. Ротацизмот може да се јави како:

Билабијален ротацизам - се манифестира така што гласот се формира со вибрација на двете усни, без активност на јазикот. Карактеристичен е за малите деца, а истиот е познат и како кочијашко р.

Невибрантен билабијален ротацизам - се манифестира така што јазикот мирно лежи зад долните предни заби - секачи, а усните се истураат и заокружуваат кон напред, па така се добива гласот W. Карактеристичен е за малите деца.

Латерален ротацизам - се манифестира така што едниот дел од врвот на јазикот допира на алвеолите, а другиот дел од врвот на јазикот вибрира, односно постои асиметрија во функцијата на јазикот. Една од причините за латерален ротацизам е едностраната пареза на јазикот.

Дорзален ротацизам - се манифестира така што активен е дорзалниот дел од јазикот, кој остварува контакт со мекото непце, па се добива комбиниран глас ,,р-х” кој најблиску звучи на француското р.

Увуларен ротацизам - се манифестира така што активен е страничниот дел на мекото непце и увулата, кој остварува контакт со дорзалниот дел на јазикот. Иако во однос на вклученоста на структурите е ист како дорзалниот ротацизам, при увуларниот ротацизам се јавуваат побрзи вибрации и нема обезвучување.

Гутурален ротацизам - се манифестира така што гласот се формира на патот кон коренот на јазикот, па затоа велиме дека се создава грлен глас кој најблиску звучи на германското р.

Пишува:
м-р спец. Бојан Богдановски, клинички логопед-специјалист, м-р. по СЕР - интелектуална попреченост и аутизам

Контакт:

e-mail: slp.bojan@gmail.com
Instagram: @slp.bojan

Comments

Popular posts from this blog

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Развој на изговорот на гласовите

И склучително важно е децата уште од најрана возраст, уште во прелингвалниот период, да се стимулираат на тој начин што родителите ќе им пеат со сопствениот глас песнички со најразлична мелодија и интонација на мајчин јазик, ќе им зборуваат чисто и правилно како да зборуваат со возрасен човек додека остваруваат контакт со очи, ќе ги запознаваат со најразлични звуци од околината, нема да зборуваат на т.н. ,,бебешки” јазик со децата, нема да ги изложуваат своите деца на модерна технологија, што е исклучително штетно за нивниот целокупен развој. Кај секој поединец уште во најраната возраст постои природна предиспозиција за усвојување на говорот и јазикот, освен ако не станува збор за некое развојно нарушување кое го запира развојот на аудитивната перцепција и дискриминација, односно го запира и/или оштетува говорно - јазичниот развој. Доколку постои адекватен развој, се очекува редоследно детето: 1. Преку плачот да биде стимулирано да ги усвои самогласките. Да го перцепир...

SLP.Bojan & Рита Синани Хаљими - ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА (Текст+Видео)

Церебралната парализа се однесува на група на невролошки нарушувања кои се појавуваат во раното детство и трајно влијаат на движењето на телото и координацијата на мускулитe (NIH). Церебралната парализа e проблем со кој се борат над 17 милиони луѓе во светот. Ова заболување настанува поради повреда на мозокот до која може да дојде во текот на бременоста, породувањето или во неонаталниот период. Меѓутоа, во најголемиот број случаи, причината е непозната , односно идиопатска . Повредата на мозокот, која поради некоја причина се случила, негативно влијае на движењето на мускулите и телото кај децата. Најчесто оваа состојба е пропратена со други здравствен и проблеми, како што с е : нарушувања на вербалната и невербалната комуникација , нарушувања на видот и слухот, интелектуална попреченост, епилепсија, тешкотии во учењето, друго. ПРИЧИНИ Причините кои доведуваат до појава на церебрална парализа предизвикуваат оштетување на развојот на мозокот, а истите може да влијаат во теко...