Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2024

Ламбдацизам

Претставува артикулациско нарушување кои ги засега гласовите л и љ . Претставник на оваа група, односно глас по кој е познат овој вид на артикулациско нарушување, е гласот л . Ламбдацизмот може да се јави како:           Интердентален ламбдацизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите јазикот излегува од усната празнина, се поставува меѓу предните заби - секачи и е видлив, наместо да биде поставен на алвеолите, зад горните предни заби - секачи. Унилатерален ламбдацизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите само еднострано јазикот се поставува на алвеолите, поради што воздушната струја минува еднострано. Поради јачината на продорот на воздушната струја, изговорот може да биде пропратен со исфрлање плунка.  Од она што го гледаме во секојдневната пракса, во однос на тоа како настанува и како се изговара гласот л , можеме да додадеме дополнителна класификација на: Лабијален ламбдацизам - се манифести...