Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2021

Афазија во детска возраст

Детската афазијата претставува нарушување во развојот на говорот или губење на веќе стекнатите јазички способности, предизвикано од повреди на мозокот. Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако ретко, афазијата се сретнува и во детската возраст. Затоа овој текст го посветувам на децата со афазија,   родителите кои имаат деца со афазија и сите оние кои се сретнале со оваа состојба или сакаат да прочитаат нешто повеќе. Причини за појава на афазии во детската возраст                Генерално гледано, најчестата причина за појава на афазијата е повреда на мозокот. Се појавува дисфункција на кортикалните и субкортикалните структури, како и дисфункција на инервациските патишта, кои се одговорни за разбирањето и продукцијата на говорот. Најчесто, родителите во хетероанамнезата ни даваат податоци дека постоеле одредени компликации во текот на бременоста, за време на...

Промоција на ,,Прирачник за логомоторика, фина и груба моторика"

На ден 13.11.2021 во Кинотека на Република Северна Македонија се оддржа промоција на стручниот труд ,,Прирачник за логомоторика, фина и груба моторика " чии автори се Бојан Богдановски (клинички логопед-специјалист), Викторија Сиљаноска (клинички логопед - специјалист) и Стојанка Коцева, дипломиран дефектолог. Прирачникот за логомоторика, фина и груба моторика е прво стручно дело од овој тип од областа на логопедијата и дефектологијата (специјалната едукација и рехабилитација) во нашата држава, Република Северна Македонија. Прирачникот е наменет за: – Деца со типичен и специфичен развој; – Родители; – За возрасни со потешкотии во моториката и говорот; – За студенти по логопедија и специјална едукација и рехабилитација; – За стручни лица – логопеди, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, педагози, воспитувачи… Прирачникот е составен од три поглавја: I Логомоторика II Фина моторика III Груба моторика Покрај описите како да се изведуваат вежбите и зошто истите се ...

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам Извадок Вовед : Живееме во време кога развојните нарушувања претставуваат состојби кои се се позачестени и кои бараат се поадекватен, поефективен и стручен третман. АСН претставува група на первазивни развојни нарушувања, проследен со нарушувања во социјалните интеракции, вербалната и невербалната комуникација и со стереотипни и репетативни облици на однесување. Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на прстите кај децата со АСН е од особено значење, затоа што тие се во тесна поврзаност со говорно - јазичниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето, а истите, честопати се нарушени или недоволно развиени кај овие лица. Главна цел на студијата е да се добијат податоци за манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат на подрачјето на Република Северна Македонија, односно живеат или ...

SLP.Bojan - Пелтечење и неурофидбек третман - Канал 5 Телевизија

  Почитувани, Ви го претставувам гостувањето во емисијата ,,Визита" на телевизија Канал 5 на тема ,,Пелтечење и неурофидбек третман" каде гости бевме јас и мојата колешка Катерина Милеска, неурофидбек терапевт. Зборувавме за: - Што е тоа пелтечење? - Како се манифестира пелтечењето? - Кои се причините за појава на пелтечењето? - Какви видови пелтечење постојат? - Каков е третманот на пелтечењето? - Што е неурофидбек? - Што може да се постигне со неурофидбек методата? - Како неурофидбек методата може да им помогне на лицата кои пелтечат? - Совети за лицата кои пелтечат и совети за родителите на деца кои пелтечат. Гостувањето погледнете го на: https://www.youtube.com/watch?v=CpTuBsPofqc&t=933s Водител: Билјана Дебарлиева Гости: Бојан Богданосвки, клинички логопед - специјалист; Катерина Милеска, неурофидбек терапевт 16 Ноември 2020 Instagram: @slp.bojan e-mail: slp.bojan@gmail.com