Skip to main content

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Извадок

Вовед: Живееме во време кога развојните нарушувања претставуваат состојби кои се се позачестени и кои бараат се поадекватен, поефективен и стручен третман. АСН претставува група на первазивни развојни нарушувања, проследен со нарушувања во социјалните интеракции, вербалната и невербалната комуникација и со стереотипни и репетативни облици на однесување. Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на прстите кај децата со АСН е од особено значење, затоа што тие се во тесна поврзаност со говорно - јазичниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето, а истите, честопати се нарушени или недоволно развиени кај овие лица.

Главна цел на студијата е да се добијат податоци за манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат на подрачјето на Република Северна Македонија, односно живеат или посетуваат рехабилитациски третман на подрачјето на главниот град на Република Северна Македонија - град Скопје, како и да се препорача соодветен рехабилитациски третман за развој и стимулација на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН. Поставени се и други цели и 6 хипотези.............................

Материјали и методи: извршено е истражување во вид на стручна, дефектолошка опсервација и процена на манипулативните вештини на рацете и диференцираност на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат и/или посетуваат третман на територијата на град Скопје, користејќи метод за процена на манипулативните вештини на рацете (LAFAYE), метод за процена на диференцираноста на моториката на прстите по Реј (REY) и метод за процена на диференцираноста на моториката на прстите по Бише (BUCHE). По завршување на препорачаниот рехабилитациски третман составен од вежби за развој и стимулација на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моториката на прсти, извршена е повторна процена како би се процениле бенефитите од третманот. Познавањата за АСН и значењето на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моториката на прсти, меѓу лица кои имаат непосреден контакт со деца со АСН и/или се вклучени во третманот на децата со АСН на територија на град Скопје, се проценети со примена на анонимна оригинална анкета во вид на прашалник на хартија и интервјуирање преку телефон.

Резултати
: Првиот дел од истражувањето кое беше спроведено меѓу лица кои секојдневно имаат непосреден контакт со деца со АСН укажува на тоа дека свесноста и познавањата за АСН се значително зголемени кај нас. Сепак, согласно добиените податоци дека 65% од испитаниците не знаат што претставуваат МВР и ДМП, и 55% од испитаниците не знаат како третманот на МВР и ДМП би им помогнал на децата со АСН, добиваме до знаење дека оваа проблематика е недоволно развиена и имплементирана во процесот на процена, дијагностика и третман од страна на стручните лица кај нас.
             Податоците од процената на МВР кај децата со АСН (LAFAYE), укажуваат на тоа дека 39% од испитаниците немаат развиени МВР и 24% од испитаниците имаат недоволно развиени МВР, односно 61% од 100 испитаници - деца со АСН имаат неразвиени или недоволно развиени МВР.
             Резултатите од процената на ДМП кај децата со АСН според  REY, укажуваат на тоа дека 9% од испитаниците имаат добро развиена ДМП, 33% имаат недоволно развиена ДМП, а 58% од испитаниците немаат развиено ДМП. Односно, 91% од испитаниците имаат неразвиена, односно недоволно развиена ДМП.
             Резултатите од процената на ДМП кај децата со АСН според BUCHE, укажуваат  на тоа дека 22% од испитаниците имаат добро развиена ДМП, 20% имаат недоволно развиена ДМП, а 58% од испитаниците имаат неразвиена ДМП. Односно, 78% од испитаниците имаат неразвиена или недоволно развиена ДМП.
             Податоците добиени од ова истражување покажаа дека МВР и ДМП се сигнификантно нарушени кај женските деца со АСН во однос на машките деца со АСН, и дека МВР и ДМП се сигнификантно нарушени кај децата со АСН кои се на предучилишна возраст во однос на децата со АСН на училишна возраст.

             Податоците добиени од контролната процена на МВР и ДМП по примената на третманот за развој и стимулација на МВР и ДМП, покажаа дека третманот има позитивно влијание врз МВР и ДМП, но и врз целокупната состојба кај децата со АСН.

Дискусија: Ова истражување, односно оваа студија е една од ретките кај нас која има за цел докажување на тоа колкава е важноста на МВР и ДМП кај децата со АСН, односно колкава е важноста на процената на МВР и ДМП кај децата со АСН.
             Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај децата со АСН, која во суштина е главната цел и главното истражување во оваа студија, сметаме дека донесе нови сознанија и предизвици за македонската научна дејност и за македонските стручни лица кои работат со деца со АСН.  
            
Податоците од ова истражување укажаа на тоа дека МВР и ДМП се сигнификантно нарушени кај децата со АСН, и тоа сигнификантно нарушени кај женските деца со АСН и кај децата со АСН кои се на предуличилишна возраст, што ја потврдува поврзаноста меѓу моторните нарушувања и говорно-јазичните, социјалните и когнитивните способности кај лицата со АСН.
            
На наше големо задоволство, резултатите од третото истражување за процена на успешноста од третманот, односно вежбите за развој и стимулација на МВР и ДМП, укажаа на позитивно влијание на рехабилитацискиот третман, не само врз МВР и ДМП, туку и врз целокупната состојба на децата со АСН.
             Секако, се надеваме дека ова научно истражување ќе биде стимул за нови македонски научни истражувања поврзани со оваа проблематика.
        

Заклучоци: Врз основа на добиените резултати од истражувањата можеме да заклучиме дека манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај децата со АСН се сигнификантно оштетени, па процената на МВР и ДМП е од исклучителна важност при дефектолошката дијагностика на овие лица и при формирањето план и програма за рехабилитациски третман, кој има големи бенефити за состојбата на овие лица.....

Препораки
: Потребно е организирање на едукативни кампањи со медиумска покриеност за запознавање на населението со АСН и значењето на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти за детскиот развој, како и создавање стандардизиран план и програма составени од вежби за рехабилитација на МВР и ДМП.

Клучни зборови
: манипулативна спретност, моторика на прсти, аутистичен спектар на нарушувања, аутизам, специјална едукација, рехабилитација, процена, третман


Магистерски труд
м-р.спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, магистер по специјална едукација и рехабилитација - интелектуална попреченост и аутизам

Instagram: @slp.bojan
e-mail: slp.bojan@gmail.com
 

Comments

Popular posts from this blog

Развој на изговорот на гласовите

И склучително важно е децата уште од најрана возраст, уште во прелингвалниот период, да се стимулираат на тој начин што родителите ќе им пеат со сопствениот глас песнички со најразлична мелодија и интонација на мајчин јазик, ќе им зборуваат чисто и правилно како да зборуваат со возрасен човек додека остваруваат контакт со очи, ќе ги запознаваат со најразлични звуци од околината, нема да зборуваат на т.н. ,,бебешки” јазик со децата, нема да ги изложуваат своите деца на модерна технологија, што е исклучително штетно за нивниот целокупен развој. Кај секој поединец уште во најраната возраст постои природна предиспозиција за усвојување на говорот и јазикот, освен ако не станува збор за некое развојно нарушување кое го запира развојот на аудитивната перцепција и дискриминација, односно го запира и/или оштетува говорно - јазичниот развој. Доколку постои адекватен развој, се очекува редоследно детето: 1. Преку плачот да биде стимулирано да ги усвои самогласките. Да го перцепир...

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Фази на типичен развој

Иако секое дете има свој индивидуален развој, кој може во одредена мера временски да биде поразличен од развојот на друго дете, сепак се водиме според фазите на типичниот развој, каде секое отстапување од истите треба да биде разгледано и проценето од страна на стручно лице. 0 - 3 месеци При кревање на детето во раце тоа успева самостојно да ја држи исправено својата глава, успева да ја подигне својата глава додека лежи на стомак, се обидува да го подигне својот труп во лежечка положба на стомак, така што се потпира на подлактиците, додека лежи на грб симетрично ги движи нозете и во истите гледа, може да ги доближи рацете една до друга, започнува да го развива фатот, односно ја отвора и затвора дланката, може да фати бебешка играчка со раката, но за истата да покаже краток интерес, односно брзо да ја фрли, остварува контакт со очи, со поглед ги следи движењата во негова близина, реагира на звуците од блиската околина, ги продуцира вокалите, покажува променлива интонација за време на пл...