Ехолалија претставува прецизно повторување или одекнувањето на зборовите и звуците кои детето ги слушнало од својата околина. Ехолалијата може да биде симптом на разни нарушувања, вклучувајќи афазија, деменција, трауматска повреда на мозокот, но најчесто е поврзана со аутизам. Кога ехолалијата е нормална појава, а кога се смета за патолошка појава? Ехолалија, или повторување на она што е слушнато , претставува нормален дел од развојот на јазикот кај детето. До втората година , децата учат да го користат јазикот на тој начин што го повторуваат и имитираат она што го слушнале од нивната околина. Потоа, како се зголемуваат нивните јазични способности и расте фондот на зборови, така децата создаваат свој и пред се, здрав, начин на користење на јазикот, а со самото тоа и се губи ехолалијата. Но, ако оваа појава продолжува да биде ...
Прв македонски блог посветен на светот на логопедијата