Skip to main content

Влијанието на модерната технологија врз детскиот развој

Во ова модерно време сите ја забележуваме опседнатоста и ,,љубовтана децата кон модерната технологија, што за родителите претставува гордост и успех за своето дете, но во суштина, свесно или несвесно, сите ние се повеќе сведочиме за постоењето на деца кои дури и до четвртата година не изговараат ниту еден збор или пак манифестираат некакво отстапување во нивното однесување.


Што навистина се случува?

Дали се сеќавате како растевме ние, сега возрасните, и какво детство имавме? Уште од најрана возраст учевме како да шутираме топка, како да се качуваме по скали, да береме цвеќиња од ливадите, да цртаме со најразлични боици во присуство на баба и дедо, додека ги чекавме нашите родители да се вратат од работа. Потоа, со другарчињата од маало по цел ден игравме брканица, штркот бира боја, жмурка, ластик, џамлија, серва, граница, јанино, градевме куќички на дрво, по цел ден бевме извалкани од трева и кал. Со тоа се будеше нашата детска фантазија и се оформуваше нашата фина и груба моторика.

Денес, во ова модерно време, исполнето со обврски и стрес, родителите, гледаат своите деца да ги занимаваат и да ги ,,смируваат
со песничка на англиски јазик на телефон, најразлични анимирани цртани на телевизија, таблет и најразлични останати уреди, без да се посветат на развојот на своето дете.

Со тоа се добива погрешна стимулација, затоа што бебе од неколку месеци, па се дете до неколку години не треба да биде изложено на модерна технологија, туку на слушање на говорот од околината и најразлични игри. Најубава и најприродна стимулација е со мајчиниот и татковиот глас. Дете до три години треба да го усвои говорот, што претставува основа за понатамошна посложена говорно јазична комуникација.

Родителите мислат дека бебињата и децата ја ,,сакаат
технологијата, дека тие ја разбираат и дека тие поради тоа еден ден ќе бидат успешни. Децата прозборуваат на најразлични јазици, најчесто англиски, односно јазици на кои биле гледани и слушани цртаните филмови и песнички, но во суштина тоа не е функционално, туку механичко повторување. Со модерната технологија на некој начин детето се оттргнува од реалноста, почнува да создава некој свој свет кој е разбирлив само за него, често се вознемирува, особено кога ќе го оддалечиме од телефонот, таблетот или компјутерот, настануваат проблеми со говорот, со вниманието и концентрацијата, а подоцна и со читањето и пишувањето. А кај некои деца се манифестираат и различни репетативни и стереотипни однесувања.

Се до некои три до четири години, детето треба да биде максимално оддалечено од модерната технологија. Во тој период детето треба што повеќе да го слуша говорот од околината, да се движи, да остварува допир, да остварува интеракција со луѓе и да биде изложено во природа. Со тоа ќе се овозможи создавање на една здрава подлога за развој на говорот кај детето, правилно држење на телото, билатерална координација и саморегулација. Потребно е детето да ја запознае својата околина, да оствари интеракција со истата, да слуша песнички, да игра најразлични игри, да станува мајстор за имагинарни игри, да добие стимулација за тактилната дразба, за фината и грубата моторика и за слушната перцепција.

Доколку настане отстапување во говорно-јазичниот развој, потребно е состојбата да биде навремено препознаена од страна на родителите или воспитувачите во градинките, а потоа истата да биде третирана од страна на стручен тим - логопед и дефектолог. Дури и во случаи кога постои сомнеж за одредено отстапување, подобро е консултација со стручно лице, отколку одолговлекување и чекање некоја ,,чудесна
промена.

Да дозволиме технологијата нам да ни служи, не ние на неа. Повеќе да ги гушкаме, играме и бодриме децата во нивниот развој, а што помалку да ги доведуваме во контакт
модерната технологија.


Пишува: spec.slp. Bojan, клинички логопед - специјалист

e-mail: slp.bojan@gmail.com
Instagram: @slp.bojan


Референца: Богдановски Б. ГАСПАР - центар за психофизичко здравје. Влијанието на модерната технологија врз детскиот развој. http://gasparcentar.com/%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0/

Comments

Popular posts from this blog

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Развој на изговорот на гласовите

И склучително важно е децата уште од најрана возраст, уште во прелингвалниот период, да се стимулираат на тој начин што родителите ќе им пеат со сопствениот глас песнички со најразлична мелодија и интонација на мајчин јазик, ќе им зборуваат чисто и правилно како да зборуваат со возрасен човек додека остваруваат контакт со очи, ќе ги запознаваат со најразлични звуци од околината, нема да зборуваат на т.н. ,,бебешки” јазик со децата, нема да ги изложуваат своите деца на модерна технологија, што е исклучително штетно за нивниот целокупен развој. Кај секој поединец уште во најраната возраст постои природна предиспозиција за усвојување на говорот и јазикот, освен ако не станува збор за некое развојно нарушување кое го запира развојот на аудитивната перцепција и дискриминација, односно го запира и/или оштетува говорно - јазичниот развој. Доколку постои адекватен развој, се очекува редоследно детето: 1. Преку плачот да биде стимулирано да ги усвои самогласките. Да го перцепир...

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам Извадок Вовед : Живееме во време кога развојните нарушувања претставуваат состојби кои се се позачестени и кои бараат се поадекватен, поефективен и стручен третман. АСН претставува група на первазивни развојни нарушувања, проследен со нарушувања во социјалните интеракции, вербалната и невербалната комуникација и со стереотипни и репетативни облици на однесување. Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на прстите кај децата со АСН е од особено значење, затоа што тие се во тесна поврзаност со говорно - јазичниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето, а истите, честопати се нарушени или недоволно развиени кај овие лица. Главна цел на студијата е да се добијат податоци за манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат на подрачјето на Република Северна Македонија, односно живеат или ...