Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2022

SLP.Bojan - Афазија - Јуни, месец за поткревање на свеста за афазијата - ТВ Телма

Почитувани, Ви го претставувам моето гостување во емисијата ,,Утринска на Телма" на телевизија Телма на тема ,,Афазија" по повод одбележување на јуни - месец за поткревање на свеста за афазијата. Афазијата претставува нарушување на говорот или губење на веќе стекнатите јазички способности, предизвикано од повреди на мозокот. Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако поретко, афазијата се сретнува и во детската возраст. Поради тоа важно е да се поткрене свеста за афазијата и за постоењето на третман за истата. Гостин: м-р.спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, м-р. по специјална едукација и рехабилитација од областа на интелектуална попреченост и аутизам Водител: Ивана Мангароска 20 јуни 2022 Видеото можете да го погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=PZBNeZzKNFg&t=3s Instagram: @slp.bojan e-mail: slp.bojan@gmail.com

SLP.Bojan: Зголемен е бројот на деца кои проговоруваат на англиски јазик, а се уште доцнат во усвојувањето на мајчиниот јазик

Во секојдневието секој од нас се среќава со мали деца од три - четири - пет години кои одлично говорат англиски или друг странски јазик, а својот мајчин јазик скоро и да не го употребуваат, а ак o го употребуваат тој е аграматичен и исполнет со странски зборови. Родителите оваа состојба ја сметаат за одлична, сметаат дека нивното дете е талентирано, дека е напредно и дека живее складно за во 21 - от век, додека логопедските кабинети ги надминуваат своите капацитети и не постигнуваат со работа, токму поради овие состојби. Да се познаваат и говорат странските јазици е голема предност и богатство, но во тој случај кога човекот има одлична говорно – јазична основа, односно кога веќе го има усвоено и одлично го употребува својот мајчин јазик. За едно мало дете, особено кога се наоѓа во периодот на говорно – јазичниот развој, усвојувањето на странските јазици за време на усвојувањето и развојот на мајчиниот јазик доведува повеќе до патологија во вербалната комуникација, отколку до бенефити...

ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ - Нарушувања на говорот

За интелектуалната попреченост, векови наназад, човекот зборува и истражува, што ни сведочат голем број записи уште од времето пред нашата ера. Интелектуалната попреченост во сите цивилизации била и е предмет на внимание и ангажираност. Изминале голем број терминологии за оваа состојба, меѓу кои и терминот ,,ментална ретардација ” , што денес е целосно неприфатлив. Освен терминологијата, низ годините се појавиле и најразлични принципи и пристапи за третман. Во овој текст ќе се задржиме за третманот на говорните нарушувања кај лицата со интелектуална попреченост. Што е тоа интелектуална попреченост? Интелектуалната попреченост претставува состојба на сопрен и нецелосен психички развој кој особено се карактеризира со нарушување на оние способности кои се јавуваат во текот на развојниот период и кои влијаат на општото ниво на интелегенцијата, како што се : когнитивните, говорните, моторните и социјалните способности. (СЗО) Нарушувањата се манифестираат на ниво на однесувањето, соци...