Skip to main content

SLP.Bojan - Афазија - Јуни, месец за поткревање на свеста за афазијата - ТВ Телма

Почитувани,

Ви го претставувам моето гостување во емисијата ,,Утринска на Телма" на телевизија Телма на тема ,,Афазија" по повод одбележување на јуни - месец за поткревање на свеста за афазијата.

Афазијата претставува нарушување на говорот или губење на веќе стекнатите јазички способности, предизвикано од повреди на мозокот. Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако поретко, афазијата се сретнува и во детската возраст. Поради тоа важно е да се поткрене свеста за афазијата и за постоењето на третман за истата.


Гостин:
м-р.спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, м-р. по специјална едукација и рехабилитација од областа на интелектуална попреченост и аутизам

Водител:
Ивана Мангароска

20 јуни 2022

Видеото можете да го погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=PZBNeZzKNFg&t=3s


Instagram: @slp.bojan
e-mail: slp.bojan@gmail.com

Comments

Popular posts from this blog

SLP.Bojan & Рита Синани Хаљими - ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА (Текст+Видео)

Церебралната парализа се однесува на група на невролошки нарушувања кои се појавуваат во раното детство и трајно влијаат на движењето на телото и координацијата на мускулитe (NIH). Церебралната парализа e проблем со кој се борат над 17 милиони луѓе во светот. Ова заболување настанува поради повреда на мозокот до која може да дојде во текот на бременоста, породувањето или во неонаталниот период. Меѓутоа, во најголемиот број случаи, причината е непозната , односно идиопатска . Повредата на мозокот, која поради некоја причина се случила, негативно влијае на движењето на мускулите и телото кај децата. Најчесто оваа состојба е пропратена со други здравствен и проблеми, како што с е : нарушувања на вербалната и невербалната комуникација , нарушувања на видот и слухот, интелектуална попреченост, епилепсија, тешкотии во учењето, друго. ПРИЧИНИ Причините кои доведуваат до појава на церебрална парализа предизвикуваат оштетување на развојот на мозокот, а истите може да влијаат во теко...

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Ламбдацизам

Претставува артикулациско нарушување кои ги засега гласовите л и љ . Претставник на оваа група, односно глас по кој е познат овој вид на артикулациско нарушување, е гласот л . Ламбдацизмот може да се јави како:           Интердентален ламбдацизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите јазикот излегува од усната празнина, се поставува меѓу предните заби - секачи и е видлив, наместо да биде поставен на алвеолите, зад горните предни заби - секачи. Унилатерален ламбдацизам - се манифестира така што при изговорот на гласовите само еднострано јазикот се поставува на алвеолите, поради што воздушната струја минува еднострано. Поради јачината на продорот на воздушната струја, изговорот може да биде пропратен со исфрлање плунка.  Од она што го гледаме во секојдневната пракса, во однос на тоа како настанува и како се изговара гласот л , можеме да додадеме дополнителна класификација на: Лабијален ламбдацизам - се манифести...