Skip to main content

Posts

SLP.Bojan - Третман на говорно-јазични нарушувања (Македонија Наутро)

Почитувани, Ви го претставувам моето гостување во емисијата Македонија Наутро на Македонска Радио Телевизија, каде зборувавме за фонолошките и артикулациските нарушувања, за потребата од логопеди, логопедската дијагностика, трудот ,,Третман на артикулациски и фонолошки нарушувања" ... Тема: Третман на говорно-јазични нарушувања Гостин: м-р. спец. Бојан Богдановски, клинички логопед-специјалист, м-р по СЕР област интелектуална попреченост и аутизам Водител: Никола Трајковски Видеото можете да го погледнете тука: Контакт Instagram: @slp.bojan e-mail: slp.bojan@gmail.com

SLP.Bojan - Фонолошки нарушувања (Канал 5)

Почитувани, Ви го претставувам моето гостување во емисијата Здраво Македонијо на Канал 5, каде зборувавме за фонолошките и артикулациските нарушувања, за потребата од логопеди, кога да се јават родителите на логопед... Тема: Фонолошки нарушувања Гостин: м-р. спец. Бојан Богдановски, клинички логопед-специјалист, м-р по СЕР област интелектуална попреченост и аутизам Водител: Милена Антовска Станковска Видеото можете да го погледнете тука: Контакт Instagram: @slp.bojan e-mail: slp.bojan@gmail.com

SLP.Bojan - Промоција на ,,Третман на артикулациски и фонолошки нарушувања"

На 15.12.2022 година, во Музеј на град Скопје се одржа промоција на мојот нов стручен труд ,,ТРЕТМАН НА АРТИКУЛАЦИСКИ И ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА", кој низ речиси 500 страни претставува пишана пракса за третирање на артикулациските и фонолошките нарушувања. Трудот во себе содржи ДВА ТЕСТА на македонски јазик од кои: - Тест за процена на артикулацијата на гласовите (Богдановски Б.) - Тест за процена на фонолошката способност (Богдановски Б) Изразувам огромна благодарност до помагателите на проектот: - Музеј на град Скопје и - Зоран Јакимовски со најпрофесионалното друштво за сервис и услуги - Хелиум Нова Сервис Изразувам голема благодарност до рецензентите: м-р д-р спец. Олга Јотовска доц д-р Весна Лазаровска спец. Викторија Сиљаноска Изразувам благодарност до лекторот Гордана Ололовска Голема благодарност изразувам до Студентски Сервис ФЗФ и Никола Бошковски и FLAFI Design за крајниот изглед на овој труд. Време е артикулациските и фонолошките нарушувања да бидат лесно надминлива преч...

SLP.Bojan - Третман на артикулациски и фонолошки нарушувања

Почитувани, Ви го претставувам мојот нов стручен труд ,,ТРЕТМАН НА АРТИКУЛАЦИСКИ И ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА", кој низ речиси 500 страни претставува пишана пракса за третирање на артикулациските и фонолошките нарушувања. Трудот во себе содржи ДВА ТЕСТА на македонски јазик од кои: - Тест за процена на артикулацијата на гласовите (Богдановски Б.) - Тест за процена на фонолошката способност (Богдановски Б) Трудот е наменет за логопеди, дефектолози, психолози, педијатри, студенти и родители на деца со артикулациски и фонолошки нарушувања. Изразувам огромна благодарност до помагателите на проектот: - Музеј на град Скопје и - Зоран Јакимовски  со најпрофесионалното друштво за сервис и услуги - Хелиум Нова Сервис Изразувам голема благодарност до рецензентите: м-р д-р спец. Олга Јотовска доц д-р Весна Лазаровска спец. Викторија Сиљаноска Изразувам благодарност до лекторот Гордана Ололовска Голема благодарност изразувам до Студентски Сервис ФЗФ  и Никола Бошковски...

SLP.Bojan - Развојот на децата (Сител ТВ)

Почитувани, Ви го претставувам прилогот на Сител Телевизијаа каде јас бев гостин и каде зборувавме за развојот на децата и како истиот да биде стимулиран. Водител: Димитар Бабалков Гостин: м-р спец. Бојан Богдановски Контакт: e-mail: slp.bojan@gmail Instagram: @slp.bojan

SLP.Bojan & Олга Јотовска - АУТИЗАМ

 Почитувани, Ви ја претставуваме третата емисија од серијалот SLP.Bojan каде зборувавме за Аутизам. Во емисијата: м-р.др.спец. Олга Јотовска, педијатар м-р.спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, м-р. по СЕР област интелектуална попреченост и аутизам Зборувавме за: - Што е аутизам? - Која е причината за неговата појава? - За влијанието на МРП вакцината... - Како тој се манифестира? - Каде треба да се обратат родителите? - Дали постои лек за аутизмот? - Што треба да знаат родителите на децата со аутизам? - друго. Контакт: e-mail: slp.bojan@gmail.com Instagram: @slp.bojan

ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА - се почеста појава кај децата

Дали сте забележале дека некои од децата можат правилно да изговорат еден глас кога е изолиран, но не се сигурни каде точно треба да го употребат тој глас во зборот? На пример, иако можат правилно да го изговорат гласот Ж кога е изолиран, сепак наместо да кажат ,,жаби ” , тие ќе кажат ,,заби ”. Доколку досега мислевте дека ова е нарушување на артикулацијата, односно неправилен изговор на некој глас, сепак ова е друг вид на патологија во вербалната комуникација кој се нарекува фонолошко нарушување. Што се фонолошки нарушувања? Фонолошки нарушувања претставуваат нарушувања на моторната продукција на гласовите и на јазичката репрезентација на сликата за гласови, односно тешкотии во аудитивната перцепцепција, аутидитвната дискриминација, менталната репрезентација на гласовите и вербалното помнење, кои влијаат врз артикулацијата на гласовите, со или без тешкотии во усвојувањето на читањето и пишувањето.   Со други зборови, би кажале дека фонолошките нарушувања се патолошка по...