На 15.12.2022 година, во Музеј на град Скопје се одржа промоција на мојот нов стручен труд ,,ТРЕТМАН НА АРТИКУЛАЦИСКИ И ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА", кој низ речиси 500 страни претставува пишана пракса за третирање на артикулациските и фонолошките нарушувања.Трудот во себе содржи ДВА ТЕСТА на македонски јазик од кои:
- Тест за процена на артикулацијата на гласовите (Богдановски Б.)
- Тест за процена на фонолошката способност (Богдановски Б)
Изразувам огромна благодарност до помагателите на проектот:
- Музеј на град Скопје
и
- Зоран Јакимовски со најпрофесионалното друштво за сервис и услуги - Хелиум Нова Сервис
Изразувам голема благодарност до рецензентите:
м-р д-р спец. Олга Јотовска
доц д-р Весна Лазаровска
спец. Викторија Сиљаноска
Изразувам благодарност до лекторот Гордана Ололовска
Голема благодарност изразувам до Студентски Сервис ФЗФ и Никола Бошковски и FLAFI Design за крајниот изглед на овој труд.
Време е артикулациските и фонолошките нарушувања да бидат лесно надминлива пречка.
Благодарност до сите присутни за поддршката!









Comments
Post a Comment