Skip to main content

ЛОГОПЕДСКО-ДЕФЕКТОЛОШКО-ПСИХОЛОШКИ КОНГРЕС 2022

На 9ти и 10ти април оваа година се одржа ЛОГОПЕДСКО - ДЕФЕКТОЛОШКО - ПСИХОЛОШКИ КОНГРЕС 2022.


Предавачи на конгресот беа:
- проф.д-р. Горан Ајдински, доктор по дефектолошки науки;
- проф.д-р. Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки;
- м-р. д-р.спец. Олга Јотовска, педијатар;
- м-р. Тина Васков, невропсихолог;
- м-р. Фики Гаспар, м-р. по педагошка психологија;
- м-р.спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, м-р. по С.Е.Р. од областа на интелектуалната попреченост и аутизам.

Еден од предавачите бев и јас, каде имав излагање на темите:
▪️Задоцнет говорно-јазичен развој;
▪️Приказ на третман на пациент во живо;
▪️Афазија.



Благодарност до м-р. Фики Гаспар и ГАСПАР центарот кои ја овозможија реализацијата на овој проект. Благодарност до сите 80 учесници кои го следеа настанот во живо и преку платформата Zoom. Благодарност до Телевизија Сонце, кои медиумски го испратија настанот. А можеби и најголемата Благодарност е до милото детенце Никола и неговото семејство кои прифатија да бидат приказ за третман на конгресот.



Само со колегијална поддршка, стручно знаење и размена на знаења можеме да бидеме добри теоретичари и практичари.

slp.Бојан❤


Линк до видео од настанот:
https://www.youtube.com/watch?v=BhwQEYWho44&t=24s

Instagram: @slp.bojan
e-mail: slp.bojan@gmail.com

Comments

Popular posts from this blog

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

Развој на изговорот на гласовите

И склучително важно е децата уште од најрана возраст, уште во прелингвалниот период, да се стимулираат на тој начин што родителите ќе им пеат со сопствениот глас песнички со најразлична мелодија и интонација на мајчин јазик, ќе им зборуваат чисто и правилно како да зборуваат со возрасен човек додека остваруваат контакт со очи, ќе ги запознаваат со најразлични звуци од околината, нема да зборуваат на т.н. ,,бебешки” јазик со децата, нема да ги изложуваат своите деца на модерна технологија, што е исклучително штетно за нивниот целокупен развој. Кај секој поединец уште во најраната возраст постои природна предиспозиција за усвојување на говорот и јазикот, освен ако не станува збор за некое развојно нарушување кое го запира развојот на аудитивната перцепција и дискриминација, односно го запира и/или оштетува говорно - јазичниот развој. Доколку постои адекватен развој, се очекува редоследно детето: 1. Преку плачот да биде стимулирано да ги усвои самогласките. Да го перцепир...

SLP.Bojan & Рита Синани Хаљими - ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА (Текст+Видео)

Церебралната парализа се однесува на група на невролошки нарушувања кои се појавуваат во раното детство и трајно влијаат на движењето на телото и координацијата на мускулитe (NIH). Церебралната парализа e проблем со кој се борат над 17 милиони луѓе во светот. Ова заболување настанува поради повреда на мозокот до која може да дојде во текот на бременоста, породувањето или во неонаталниот период. Меѓутоа, во најголемиот број случаи, причината е непозната , односно идиопатска . Повредата на мозокот, која поради некоја причина се случила, негативно влијае на движењето на мускулите и телото кај децата. Најчесто оваа состојба е пропратена со други здравствен и проблеми, како што с е : нарушувања на вербалната и невербалната комуникација , нарушувања на видот и слухот, интелектуална попреченост, епилепсија, тешкотии во учењето, друго. ПРИЧИНИ Причините кои доведуваат до појава на церебрална парализа предизвикуваат оштетување на развојот на мозокот, а истите може да влијаат во теко...