Skip to main content

SLP.Bojan, Даринка Шостер & Фики Гаспар - Пелтечење

Почитувани,

Ви ја претставувам новата емисијата на тема ,,Пелтечење" каде гости беа мастер Даринка Шостер, логопед, и м-р Фики Гаспар, педагошки психолог.


Зборувавме за:

- Што е пелтечење?
- Кои се причините за појава на пелтечење?
- Влијанието на психолошките фактори врз пелтечењето;
- Третман на пелтечењето;
- Друго.

Во видеото:
мастер Даринка Шостер, мастер логопед, Завод за психофизиолошке поремећаје и говорну патологију "Проф. др Цветко Брајовић", Република Србија
м-р Фики Гаспар, педагошки психолог, ГАСПАР - центар за психофизичко здравје
м-р спец. Бојан Богдановски, клинички логопед - специјалист, СЕР - интелектуална попреченост и аутизам


Видеото можете да го погледнете на:





Контакт
Instagram: @slp.bojan
e-mail: slp.bojan@gmail.com

Comments

Popular posts from this blog

Кога треба да се посомневаме во развојот на нашето дете?

Секој млад родител, особено во ова време, стравува за тоа дали неговото дете се развива добро. Честопати родителите прво се консултираат со нивните пријатели или роднини, за тоа дали е се во ред со нивното дете, и дали треба да побараат стручна помош или нема потреба од истото. Во овој текст, зборуваме за нарушувања и потешкотии кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред во развојот на детето и постои потреба од преглед од стручно лице. Тука се вбројуваат: Неорганизираност и нарушување на моториката Хипотонија, пареза, парализа, недостаток на рамнотежа, потешкотии во одењето, трчањето и скокањето, потешкотии во латерализацијата, недостаток на визио-моторна координација (координација око-рака), неорганизираност на моториката на прстите, потешкотии во моториката во мирување, норганизирана координација на горните, долните или на горните и на долните екстремитети, потешкотии во изведувањето на налози, неорганизираност на мускулатурата на лицето, неправилно држење на моливот, друго.  Н...

SLP.Bojan & Рита Синани Хаљими - ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА (Текст+Видео)

Церебралната парализа се однесува на група на невролошки нарушувања кои се појавуваат во раното детство и трајно влијаат на движењето на телото и координацијата на мускулитe (NIH). Церебралната парализа e проблем со кој се борат над 17 милиони луѓе во светот. Ова заболување настанува поради повреда на мозокот до која може да дојде во текот на бременоста, породувањето или во неонаталниот период. Меѓутоа, во најголемиот број случаи, причината е непозната , односно идиопатска . Повредата на мозокот, која поради некоја причина се случила, негативно влијае на движењето на мускулите и телото кај децата. Најчесто оваа состојба е пропратена со други здравствен и проблеми, како што с е : нарушувања на вербалната и невербалната комуникација , нарушувања на видот и слухот, интелектуална попреченост, епилепсија, тешкотии во учењето, друго. ПРИЧИНИ Причините кои доведуваат до појава на церебрална парализа предизвикуваат оштетување на развојот на мозокот, а истите може да влијаат во теко...

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам

Процена на манипулативната вештина на рацете и диференцираност на моторика на прсти кај деца со аутизам Извадок Вовед : Живееме во време кога развојните нарушувања претставуваат состојби кои се се позачестени и кои бараат се поадекватен, поефективен и стручен третман. АСН претставува група на первазивни развојни нарушувања, проследен со нарушувања во социјалните интеракции, вербалната и невербалната комуникација и со стереотипни и репетативни облици на однесување. Процената на манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на прстите кај децата со АСН е од особено значење, затоа што тие се во тесна поврзаност со говорно - јазичниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на детето, а истите, честопати се нарушени или недоволно развиени кај овие лица. Главна цел на студијата е да се добијат податоци за манипулативната вештина на рацете и диференцираноста на моториката на прсти кај деца со АСН кои живеат на подрачјето на Република Северна Македонија, односно живеат или ...